Шпанскиот репрезентативец Жорди Алба се согласил да ја продолжи соработката со Барселона за дополнителни пет сезони. Тој ќе потпише нов договор и ќе остане на „Камп Ноу“ до 2024 година, објави „Cadena Ser“.
Раководството на каталонскиот клуб и агентот на Жорди Алба долго водеа преговори за продолжување на договорот. На крајот, изнајдено е решение, а се очекува промоцијата на новата соработка да се случи по затворањето на зимскиот преоден рок. Жорди Алба игра во дресот на Барселона од 2012 година, има 182 настапи и седум постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА