Жоргињо е МВП на сезоната во Лигата на Шампионите

Италијанскиот репрезентативец во дресот на Челси, Жоргињо, е МВП на сезоната во Лигата на Шампионите, награда што одличниот плејмејкер ја доби на денешната церемонија што УЕФА ја организираше во Истанбул.

Во конкуренција во финалниот избор беа и Нголо Канте и Кевин де Бруине, но Жоргињо на крајот доби и индивидуално признание откако во изминатите месеци најпрвин стана европски клупски првак со Челси, а потоа и европски репрезентативен шампион со селекцијата на Италија.

„Жал ми е што не можам да сум овде во вака значаен момент. Сакам да кажам дека сум многу среќен поради оваа награда, морам да им се заблагодарам на сите кои придонесоа ова да се случи, на моето семејство, пријателите, тренерите, соиграчите, како и на навивачите,на сите оние кои веруваа во мене. Исто така, и на оние кои не веруваа во мене, кои ме натераа да работам уште повеќе и да стигнам до ова ниво на кое сум сега“, порача Жоргињо.

Во женска конкуренција, наградата за МВП заврши во рацете на Алесија Путелјас, која беше избрана и за најдобра фудбалерка за врска.

Се вчитува...