Жоржињо: Златната топка? Тоа зависи од критериумите на ФИФА

Жоржињо, играчот за врска на Челси и италијанската репрезентација, верува дека тој ќе биде еден од главните кандидатите за освојвуање на Златната топка.

Жоржињо стана европски шампион со Италија, и ја освои Лигата на шампионите со Челси.

„Сите имаме соништа. Ќе бидам искрен, зависи од критериумите. Ако станува збор за фудбалски талент, знам дека не сум најдобар во светот. Но, кога станува збор за титулите, никој не ги освои повеќе оваа сезона од мене. Ако се споредувам со Меси, Нејмар или Кристијано Роналдо, тие имаат сосема различни карактеристики од мене. Повторувам, доделувањето на Златната топка ќе зависи од критериумите на ФИФА“, посочи 29-годишниот фудбалер на Челси.

 

 

 

Се вчитува...