Жота е фантастичен, нови два гола за Ливерпул (видео)

Диого Жота ја продолжи серијата импресивни настапи во дресот на Ливерпул трет меч по ред постигнувајќи погодок за тимот на Јирген Клоп. Португалецот овојпат доби шанса како стартер пред Фирмино и веднаш ја оправда довербата, велемајсторски матирајќи го голманот на Аталанта за водство на „црвените“ во Бергамо.

Жота повторно блесна во 33. минута, кога уште еднаш ја потврди голгетерската класа со беспрекорна реализација, за убедлива предност на Ливерпул на овој натпревар.

Се вчитува...