Жозе Мурињо доби отказ од Рома по лошите резултати во сезоната и покрај тоа што во изминатите две сезони му донесе голем успех на тимот од главниот град на Италија. Португалскиот стратег се чини дека нема долго да чека со новиот ангажман, но едно е јасно, оваа сезона тоа нема да биде клуб од Саудиска Арабија.
Искусниот стратег ја одби понудата на Ал Шабаб, а италијанските медиуми сега го праќаат на југот на Италија каде е голема желба на претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис.
Актуелниот италијански шампион оваа сезона ја започна на клупата со Руди Гарсија, но по лошите резултати неговото место го наследи Валтер Мацари. Тој сепак не е решение за долги стази, а со оглед на искуството Мурињо се чини дека ќе биде полн погодок за наполитанците.
Доколку го прифати предизвикот за Португалецот тоа ќе биде трет клуб во Италија по Интер и Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА