Жозе Мурињо повторно со свое шоу: Јас сум само еден пристоен тренер

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо говореше за медиуми по победата на неговиот тим против актуелниот италијански шампион Наполи на домашен терен со 2-0 во дерби мечот на 17. коло во Серија А.

Стрелци за „римската вочица“ беа Пелегрини и Лукаку, но по мечот свое шоу повторно имаше искусниот Португалец.

„Сакаме да направиме нешто во зимскиот преоден рок, но тоа нема да се случи. Го победивме Наполи, а сега ни следи меч со Јувентус. Јуве и Наполи се одлични поради две причини. Имаат добри тренери, но и голема длабочина во тимот. Да ни се сите достапни на нас и ние би имале добар тим и пристоен тренер“, изјави Мурињо. 

Се вчитува...