Жозе Мурињо сака да остане во Рома

Легендарниот португалски стратег Жозе Мурињо сака да остане во Рома и по крајот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми. Договорот на искусниот стратег со „волчицата“ трае до јуни, а според последните информации тој е задоволен во главниот град на Италија и не сака да ја промени средината.

Мурињо кој седна на „жешкото столче“ на „Олимпико“ во 2021 година донесе голем успех на Рома освојувајќи ја Конференциската лига во сезоната 2021/22, а веќе во следната забележа настап и во финалето од Лига Европа каде сепак загуби од Севилја по изведување на пенали.

На почетокот на сезоната Порутгалецот изрази незадоволство од неадекватените засилувања и одбри продолжување на соработката, но според „Ил Темпо“ сега работите се променети и тој смета дека има недовршена задача во тимот каде ужива и во љубовта на навивачите.

Се вчитува...