ЖРК Чаир со убедлив триумф во Косово продолжува на европската сцена

Првпат во својата историја ЖРК Чаир успева да мине едно коло во натпреварувањата на ЕХФ, откако во реваншот од 2. коло во Европскиот куп, избраничките на Басри Љатифи славеа убедливо со 33-26 против Истогу од Косово.

На тој начин, по вчерашниот пораз од Истогу од 33-34, на крај македонските ракометарки продолжуваат на европската сцена.

Марија Николовска со осум гола беше  најдобра кај ЖРК Чаир, а Амела Џамкиќ постигна шест гола, Со по пет погодоци завршија Стефанија Ѓорѓевска и Теодора Гулицоска.

ЖРК Чаир е во 1/16-финалето од Европскиот куп каде место претходно обезбедија и ракометарките на Ѓорче Петров.

Се вчитува...