ЖРК Ѓорче Петров со чешки предизвик во Лига Европа, Тиквеш против тим од Луксембург во ЕХФ Купот

Македонскиот женски ракометен шампион Ѓорче Петров ќе игра против чешки Бањик Мост во второто квалификациско коло од Лигата на Европа.

Денешната ждрепка во ЕХФ одлучи македонскиот тим да добие тежок противник. Првиот натпревар се игра на 3/4 октомври во Скопје, а реваншот е на 10/11 октомври во Чешка.

Победниците, вкупно 16, од второто квалификациско коло, ќе се пласираат во третата квалификациска рунда, каде што веќе се пласирани осум екипи, а 12-те победниците потоа ќе играат во групната фаза на ова натпреварување.

ЖРК Вардар, пак, ќе игра против тимот на Бриксен од Италија во 2. коло од ЕХФ Европскиот куп. Првиот натпревар се игра на 3/4 октомври, а реваншот е една недела подоцна (10/11 октомвти).

Во машка конкуренција, ГРК Тиквеш пак ќе стартува од првото коло и тоа против Хендбол Е. од Луксембург.

Првата рунда започнува викендот на 12/13 септември, по што следува реваншот една недела подоцна, на 19/20 септември 2026 година.

Вкупно 19 победници продолжуваат во втората рунда во октомври, каде веќе се актуелниот шампион во ова натпреварување ГРК Охрид, како и Алкалоид и Бутел Скопје.

Се вчитува...