ЖРК Ѓорче Петров убедливо против австриски Рyмс, за пат кон осминафиналето во ЕХФ Купот

Екипата на ЖРК Ѓорче Петров убедливо славеа против австриски Рyмс Јагс во првиот натпревар од Европскиот куп на ЕХФ за практично веќе обезбедено место во осминафиналето на ова натпреварување.

Избраничките на Симе Симевски тотално доминираа на мечот против Австријките за убедлива победа од 26-45 (11-21). Реванш-дуелот ќе биде утре од 18 часот, но секако се очекува да биде само формалност на патот на заверка на осминафиналето на македонските ракометарки.

Најефикасна во победата со максимални десет гола од десет обиди беше Ангела Јанкуловска, осум погодоци запиша Милица Николиќ, а Ана Марија Коларовска заврши со шест постигнати гола.

Елиминација во третото коло доживеаја ракометарките на Чаир кои загубија во двата меча од Макаби Рамат Ган од Израел, а во претходните рунди беа елиминирани Металург и Куманово.

Се вчитува...