ЖРК Вардар „фуриозно“ до второ коло во ЕХФ купот

Ракометарките на Вардар на фуриозен начин славеа и во реваншот од првото коло во ЕХФ купот, против косовска Приштина со 32-27.

Откако во првиот меч славеа со 35-39 фаворитската улога ја оправдаа и во реваншот кој денеска се одигра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

„Вардарки“ уште во првото полувреме ги разрешија сите дилеми добивајќи го со убедливи десет гола разлика 21-11. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 32-27.

Сара Миновска со седум гола беше најдобра во таборот на „црвено-црните“ девојки, додека шест постигна Марија Галевска.

Вториот македонски претставник кој денеска беше дел од ЕХФ купот, ЖРК Деспина загуби со убедливи 10-37 од шведска Скара. Реваншот ќе се игра утре.

Се вчитува...