ЖРК Вардар подобар од Крим во вториот натпревар од Регионалната лига

По вчерашниот пораз од Будуќност, ракометарките на ЖРК Вардар во вториот натпревар од првиот турнир во рамките на Регионалната лига славеа против екипата на Крим со убедливи 38-29 (19-13).

„Вардарки“ беа далеку подобар противник на паркетот, уште во првото полувреме обезбедувајќи си ја победата. Во второто полувреме само рутински се одржуваше предноста за конечна победа.

Најефикасна во македонскиот состав беше Херем со 9 гола, а по 6 погодоци постигнаа Радичевиќ и Дамњановиќ. Со четири постигнати гола натпреварот го заврши Лазовиќ. Бајрамовска во редовите на Крим постигна пет гола.

По настапот на првиот турнир од Регионалното натпреварување, сега комплетната концентрација е кон настапот во Лигата на шампионите и првата пресметка во 2017 година во ова натпреварување, против Будуќност.

Се вчитува...