Жулио Цезар со солзи во очите се збогува од соиграчите во Бенфика (ВИДЕО)

Поранешниот бразилски репрезентативен голман Жулио Цезар реши шест месеци пред истекот на договорот да се раздели со Бенфика. Тој имаше емотивна разделба со соиграчите во соблекувалната на португалскиот клуб.

„Сакам да се заблагодарам во мое, и името на моето семејство, за посветеноста со која бев примен во овој клуб. Тоа ме восхити, не можам да најдам зборови за да го опишам чувството дека и понатаму ќе припаѓам на овој клуб, заедно со сите вас од соблекувалната, како и со фановите на клубот. Мојот фудбалски пат во Бенфика завршува тука, но секогаш ќе останам со срцето заедно со вас, и ќе верувам во вас“, истакна Жулио Цезар и во солзи се збогува од соиграчите.

38-годишниот Жулио Цезар на последните неколку мечеви му беше резерва на младиот 18-годишен Милен Свилар, кој е еден од најталентираните млади голмани во Европа.

Се вчитува...