Жуниор донесе израмнување за Шкендија во Вилнус (ВИДЕО)

Шкендија успеа да израмни во Вилнус (1-1), на дуелот против Тракаи, во рамките на третото квалификациско коло од Лигата на Европа. По лошиот страрт и примениот гол уште во првата минута, тимот на Шкендија успеа да се рехабилитира и израмни пред крајот на првото полувреме. Стенио Жуниор е стрелец на голот за македонскиот вицепрвак.

Тој во 40.минута доби употреблива топка во противничкиот шеснаесетник, го мина и голманот и ја погоди празната мрежа. Тоа е и резултатот по првото полувреме од овој меч.

Stenio Junior Goal HD – Trakai (Ltu) 1-1… by sports-live1

Се вчитува...