Жута и Ријека, со „бомбата“ на Акости, по цели 2829 дена го победија Динамо на „Максимир“

Динамо Загреб ќе мора уште малку да почека за официјална промоција како нов шампион на Хрватска, откако загуби од Ријека на „Максимир“ со 0-1.

Леонард Жута и Ријека успеаја да слават во Загреб против Динамо по цели 2829 дена, на тој начин продолжувајќи ја на некој начин трката за титула, иако се на шест бода минус од „модрите“.

Триумфот следеше со евро-голот на Акости во 39. минута од натпреварот…

Леонард Жута го одигра целиот натпревар за Ријека, а Адеми не беше во составот на Динамо Загреб поради жолти картони.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...