Зидан: Ако играме со Ливерпул, ќе го елиминираме

Реал Мадрид го освои второто место во групата, па на ждрепката в понеделник „кралевите“ би можеле да налетаат на европски гигант уште во осминафиналето од Лигата на шампионите. Ливерпул, Јувентус, Баерн Минхен и Манчестер Сити се дел од потенцијалните ривали на најтрофејниот европски клуб, но Зинедин Зидан не е премногу загрижен.

„Тоа е ждрепка, нема што да се направи, можеме само да зборуваме пред да бидат извлечени двојките. Едно е сигурно, не се плашиме од никого. Дури и ако играме со европскиот првак Ливерпул, верувам дека ќе го елиминираме“ – изјави Зидан по синоќешниот триумф над Бриж.

Реал Мадрид и Ливерпул се сретнаа во финалето од ЛШ во 2018 година, кога „кралевите“ предводени од Зидан триумфираа со 3-1 благодарение на двата погодоци на Герет Бејл.

Се вчитува...