„Ливерпул беше навистина моќен во првата фаза од натпреварот, но ние одигравме тимски знајеќи дека ќе биде тежок натпревар. Реал секогаш игра тимски. Стигнавме до една цел, но не треба да летаме затоа што се уште ништо не сме освоиле. Во моментов секако уживаме во пласманот во полуфиналето но мора да знаеме дека и крајните цели се повисоки. Горд сум на фудбалерите, се уште сме во игра во Ла Лига и во Лигата на шампионите и тоа доволно зборува за овој тим“ – истакна Зидан по синоќешниот натпревар во Ливерпул.