Зидан ги мотивираше играчите пред реваншот на „Стемфорд Бриџ“ (ВИДЕО)

Денеска со почеток од 21 часот на „Стемфорд Бриџ“ ќе биде одлучен и вториот финалист во овогодишното издание на Лигата на Шампионите.

Реал Мадрид доколку сака да избори нов дуел за трофеј во „елитата“, неопходно е да постигне гол во мрежата на „сините“, па затоа тренерот Зинедин Зидан на тренингот на својот тим одржа говор на кој на своите фудбалери им порача – играјте на начин на Реал!

„Ќе бидат многу агресивни, многу агресивни. Но, запомнете, земете им ја топката, играјте и уживајте во топката бидејќи таа не донесе каде што сме. Секогаш. Тоа е Реал“, рече Зидан.

Се вчитува...