Зидан: Гладот и желбата за нови титули остануваат исти!

По репрезентативната пауза, Реал Мадрид славеше во Лигата на шампионите, но не и во домашното првенство. Кралевите беа поразени од Алавес, а запишаа реми со Вилареал.

Новинарите го прашаа Зинедин Зидан дали недостатокот на мотивација е најголемиот проблем на Реал.

“Сè уште чувствуваме ист глад, но имаме многу проблеми. Кратката претсезона и големиот број на повреди се главните причини за одржување на константна победничка форма. Но гладот и желбата останаа исти, тие никогаш нема да го напуштат овој клуб. Играчите знаат каде се и што значи да се игра за Реал”, рече Зидан.

Следниот натпревар на кралевите е во Лигата на шампионите, Реал Мадрид вечерва му гостува на Шахтјор во 18:55 часот.

Се вчитува...