Зидан го менува Мурињо на „Олд Трафорд“?

Зинедин Зидан е на врвот од листата на потенцијални кандидати што може да го заменат Жозе Мурињо на клупата на Манчестер јунајтед, објавија англиските медиуми.

Мурињо има уште две години договор со „црвените ѓаволи“, но откако Манчестер јунајтед остана зад Сити во борбата за шампионската титула во Премиер лигата, се погласни станаа шпекулациите дека Португалецот може да замина од „Олд Трафорт“ и многу порано.

Прв пик на Манчестер јунајтед во тој случај ќе биде Зинедин Зидан кој си замина од Реал Мадрид по освојувањето на титулата во Лигата на шанмпионите и моментно е без тренерски ангажман. Тоа само го олеснува неговиот евентуален трансфер на „Олд Трафорд“ бидејќи Манчестер јунајтед во тој случај не би платил ни пени за обесштетување.

Се вчитува...