Зидан го надигра Клоп, Сити повторно победи со Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

Зинедин Зидан на мајсторски начин го надигра Јирген Клоп во двата четвртфинални меча во Лигата на шампионите. По триумфот на „Алфредо ди Стефано“ минатата седмица, Зидан овој пат одигра „генијални“ 0-0 на гостувањето кај Ливерпул кои беа доволни за пласман на Реал Мадрид меѓу четирите најдобри.

„Црвените“ имаа неколку убави шанси особено во првиот дел преку Милнер и Салах, но Тибо Куртоа беше одличен на голот на „кралевите“. Во полуфиналето Реал Мадрид ќе игра против Челси.

Манчестер Сити славеше и во реваншот против Борусија Дортмунд со идентични 1-2. Домаќините поведоа преку Билингем во 15. минута. Сепак, натпреварот го реши големата глупост на Емре Џан кој непотребно играше со рака во својот шеснаесетник и му дозволи на Махрез од пенал да израмни на 1-1 во 55. минута. До крајот Фоден во 75. ги постави конечните 1-2. Манчестер Сити за противник во полуфиналето ќе го има Пари Сен Жермен.

Се вчитува...