Зидан го одбил ПСЖ

Далеку од идеална е ситуацијата во ПСЖ каде не се знае ниту кој ќе го води тимот во следната сезона. Лионел Меси замина, а Нејмар се надева дека ќе замине. Клубот е во сериозна потрага по нов тренер, но сигурно е дека тоа нема да биде Зинедин Зидан.

Легендарниот француски фудбалер досега во тренерската кариера го водеше Реал Мадрид во два наврати.

Но, сега очигледно нема да продолжи во битка за нови титули со ПСЖ. Иако долго се навестуваше дека се чека крајот на сезоната како Зидан би се вратил на тренерскиот повик, во ПСЖ, француските медиуми сега информираат дека тој ја одбил понудата на шампионот.

Откако Зидан ја одбил понудата, ПСЖ се насочил кон Нагелсман, Луис Енрики и Чаби Алонсо.

Се вчитува...