Зидан го откачи Реал, па за 200 милиони евра ја презема клупата на Катар!

Заминувањето на Зинедин Зидан од клупата на Реал Мадрид ги шокираше челниците на „кралскиот клуб“, но и комплетната светска фудбалска јавност. Зидан со Реал освои три титули шампион на Европа, а потоа се одлучи на заминување.

За многумина останаа тогаш нејасни до крај причините за таквата одлука на Зизу кој притоа со раскинувањето на договорот остана и без 24 милиони евра, колку би заработил ако останеше до крајот на договорот.

Сега, полека се одмотува „клопчето“ околу целокупната приказна за заминување на Зидан. Легендата на францускиот фудбал има понуда да ја преземе клупата на репрезентацијата на Катар и тоа за неверојатни 200 милиони евра за четири години.

Зидан неодамна изјави дека најпрво сака малку да одмори, а потоа ќе размисли во која насока ќе се движи неговата кариера. Сепак, веќе се навестува дека наскоро и официјално ќе ја прифати понудата од Катар, која сигурно не се одбива!

Се вчитува...