Зидан го презема ПСЖ и веднаш прави „чистка“?

Зинедин Зидан е многу блиску следната сезона да се врати на тренерската работа. Таа информација ја објави Мундо Депортиво, кој шпекулира со две дестинации на популарниот „Зи-Зу“.

Едната од нив е враќање во Реал Мадрид, со оглед дека има блиски релации со Флорентино Перез. Втората опција е ПСЖ, а „Мундо Депортиво“ пишува дека пореална е таа да се пресели во Париз.

Шпанските медиуми одат до таму што пишуваат дека Зидан веќе го крои планот како да изгледа тимот на ПСЖ. Така прв кој ќе си заминел веднаш по неговото доаѓање е Нејмар. Бразилецот веќе некое време е на удар на јавноста поради слабите настапи. Пред заминување е и Лионел Меси, кој во последно време се повеќе го искажува своето незадоволство. Пред заминување е и ветеранот Серхио Рамос кој повеќе е повреден, отколку што е на теренот.

Се шпекулира дека Зидан веќе неколкупати ја одбил понудата на ПСЖ поради ривалството со Олимпик Марсеј (Зидан е роден во Марсеј), меѓутоа сопственикот на ПСЖ не се откажува од ангажман на некогашниот капитен на француската репрезентација.

Се вчитува...