Зидан го уверил Мурињо дека не му работи зад грб

Францускиот стратег Зинедин Зидан се споменува како можен наследник на Жозе Мурињо на клупата на Манчестер јунајтед. Тимот на Португалецот очајно ја стартуваше новата сезона во Премиер лигата, а Мурињо се наоѓа пред отказ. Но, Зидан не сака да му работи зад грб на актуелниот менаџер на клубот.

Тој имал телефонски разговор со Мурињо и го уверил дека нема намера на таков начин да се бори за клупата на Јунајтед. Му изразил поддршка и надеж дека ќе успее да го консолидира составот и да отпочне победничка низа. Сепак, за очекување е раководството на Манчестер јунајтед брзо да реагира поради најслабиот старт на тимот во последните 27 години.

Се вчитува...