Зидан: Има уште борба за влез во финалето

Европскиот првак Реал Мадрид утревечер (20.45 часот) го пречекува Баерн Минхен во реванш мечот од полуфиналето на Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“ има предност (1-2) од првиот дуел во Германија, но тренерот Зинедин Зидан нема да дозволи никакво опуштање во својот тим. Треба да се заслужи патот за Киев, во финалето на ЛШ.

„Ништо не е решено. Иако имаме предност од првиот меч, тоа секако нема да не опушти. Доволно сме свесни за тежината на реваншот, и за квалитетите на Баерн Минхен. Максимално сме мотовирани да обезбедиме пласман во ново финале, но патот дотаму е долг. Треба да се одиграат уште тешки 90 минути“, изјави тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Од „кралскиот клуб“ доаѓа и информацијата дека Иско и Начо се подготвени за настап на утрешниот дуел.

Се вчитува...