Зидан инсистира да го доведе Нголо Канте на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид најави дека нема многу да троши претстојното лето, но тренерот Зинедин Зидан сепак сака да го реновира средниот ред со еден квалитетен фудбалер од Премиер – лигата. Тој инсистира да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“ дефанзиовниот играч за врска на Челси, Нголо Канте.

Францускиот интернационалец е еден од најдобрите во светот на својата позиција и Зинедин Зидан смета дека ако ги има Кашемиро и Канте во ростерот, тогаш ќе има одличен тандем.

Канте во 2018 година за 29 милиони фунти од Лестер се пресели на „Стемфорд Бриџ“. Реал Мадрид е подготвен да плати околу 70 милиони за потписот на францускиот репрезентативец.

 

 

 

Се вчитува...