Зидан: Каков замор? Па, така како што играа, можеа уште 90 минути

Реал Мадрид одигра очаен натпревар против Челси на гостувањето во Лондон, завршувајќи ги во полуфиналето своите настапи во Лигата на шампионите.

Челси, кој во финалето ќе се соочи со Манчестер сити, беше далеку подобар тим. Реал може да биде среќен на крајот што остана со само два примени погодоци.

„Челси апсолутно беше подобар тим. Дадовме се од себе, но тие заслужија пласман во финалето. Жалам поради играчите на кои им дадов шанса да играат. Не, не се согласувам дека беа уморни. Ова е полуфинале, и тие беа подготвени. Што беше тоа? Каков замор? Па, вака како што играа можеа уште 90 минути да одиграат. Но, горд сум на нив кои не донесоа на чекор од финалето“ – истакна тренерот на Реал, Зинедин Зидан, по вчерашниот пораз.

Се вчитува...