Зидан кажал „не“ на ПСЖ

Легендарниот француски тренер Зинедин Зидан, одлучи дефинитивно да ја одбие понудата од францускиот првак ПСЖ, за презмање на местото на Маурисио Покетино. Парискиот тим со сите сили се обиде да го донесе екс тренерот на Реал Мадрид, но „Зи-Зу“ после се се одлучи да каже „не“.

Зидан имал невообичаено оправдување зошто одбива да седне на клупата на ПСЖ. Тој е роден во Марсеј, а познато е колкав е ривалитетот на овие два града во фудбалска смисла. Исто така кажал дека има почит и кон Реал Мадрид после кој не сака да тренира ниту еден тим.

Сепак, најголемата причина за одбивањето е се чини селекторското место на Франција. Тој е главен кандидат да го замени Дидие Дешамп на клупата на актуелниот светски првак, и веројатно ќе ја преземе француската клупа после Мундијалот во Катар.

Се вчитува...