Зидан: Ми недостига адреналинот, сакам набрзо да му се вратам на фудбалот

Зинедин Зидан се надева дека наскоро ќе има нов клупски ангажман, откако трофејниот стручњак е две години без работа по заминувањето од клупата на Реал Мадрид. Тој беше поврзуван со селекторското место во француската репрезентација, но извиси кога на Дешамп му беше понуден нов договор, но Зизу не крие дека би сакал што поскоро да се врати на најважната споредна работа на светот.

Интересно, тој летово одби мултимилионска понуда од ПСЖ бидејќи не беше убеден во проектот на катарските газди, а неофицијално Зидан ќе биде прв „пик“ на Јувентус доколку Масимилијано Алегри реши да си замине од клупата и да се пресели во Саудиска Арабија.

„Искрено сакам наскоро пак да бидам тренер. Дали ми недостига адреналинот? Секако, неопходен ми е, две години сум без работа, а оние кои се вљубени во фудбалот добро знаат за што зборувам, не можеш долго да живееш без фудбал ако си зависен од овој спорт“, изјави Зидан.

Се вчитува...