Легендарниот играч од средниот ред кој воедно направи и голем успех во кратката тренерска кариера освојувајќи три шампионски титули во Лигата на Шампионите, Зинедин Зидан откри дека сака да му биде тренер на еден од најдобрите фудбалери на денешницата Килијан Мбапе.
Францускиот стратег кој за својот сонародник имаше само пофални зборови можеше да ја оствари својата желба уште ова лето кога за него постоеше интерес од ПСЖ, но ја одби понудата на парижани. А, дали во иднината соработката ќе биде во репрезентацијата на Франција или пак некој клуб останува отворено прашање.
„Кога сте тренер и постои играч како него секако дека сакате да го тренирате. Се може да се случи. Може и еден ден ќе бидам негов тренер. Тој е играч кој добро го претставува францускиот дрес. Во секој случај му се восхитувам на тоа што го прави. Прекрасен е, силен е“, изјави Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА