Зидан му одговори на Клоп: Тоа е наш стадион, и горди сме на него

Зинедин Зидан му одговори на Јирген Клоп кој се пожали на стадионот на Реал, „Алфредо ди Стефано“ по поразот на Ливерпул во Мадрид од 3-1 во првиот четвртфинален натпревар од ЛШ.

„Кралевите“ во моментов не може да играат на „Сантијаго Бернабеу“ поради реконструкцијата која вклучува нов терен и покрив, па играат на стадионот кој е дел од нивниот тренинг-центар.

„Сигурно дека се навикнавме на празни трибини, но ова е нешто друго. Ова е терен за тренинг. Ова е потценување на натпреварувањето како Лига шампиони“ – коментираше Клоп.

Од Реал потоа порачаа дека димензиите и квалитетот на теренот се еднакви како и на главниот стадионот, а на тренерот на Ливерпул кратко му одговори и Зидан.

„Ова е наш стадион. Играме на него и горди сме што можеме да играме на истиот, на стадионот кој го носи името на Алфредо ди Стефано“ – прокоментира Зидан.

Реваншот е на 14. април на „Енфилд“. Клоп најави дека на Ливерпул сигурно ќе му биде полесно на домашен терен и на „вистински стадион“.

Се вчитува...