Зидан: Му симнувам капа на господинот Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо се најде во центарот на вниманието по неговото заминување од португалската репрезентација, но во момент кога се почесто се зборува за можниот крај на неговата репрезентативна кариера, тој доби силна порака за поддршка од човекот со кого ја испиша историјата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Актуелниот селектор на Франција зборуваше за својот поранешен играч на прес-конференцијата пред натпреварот против Белгија во Лигата на нации.

Наместо да навлегува во деталите за приказната што го потресе португалскиот фудбал деновиве, Зидан сакаше да потсети на она што Роналдо го постигнал во текот на својата кариера.

„Треба да се оддаде признание за неговата голема кариера. Имав среќа да го имам во тимот. Тој ми помогна да освојам многу трофеи. Симнувам капа пред Кристијано! Секогаш чувствувам голема почит кон луѓето со кои сум поминал време“, изјави Зидан.

Се вчитува...