Зидан на тапет – „кралевите“ не наликуваат на себе

Реал Мадрид освои пет трофеи во 2017 година, а тимот на Зинедин Зидан минатата сезона наликуваше на победничка машинерија. Противниците си заминуваа со по неколку гола во мрежата, а „кралскиот тим“ воодушевуваше со свцоите игри. Но, од септември до јануари, сликата комплетно се промени. Иако во меѓувреме Реал Мадрид ја освои титулата светски клупски првак во Дубаи, сепак, комплетно потфрли во новата сезона од Ла Лига.

Синоќешното реми (2-2) против Селта на гости потврди дека Реал Мадрид има огромни проблеми кои мора под итно да бидат решени, или можно е дури и да „извиси“ за Лигата на шампионите следната сезона. Се разбира, предводникот кој живееше со ловорики поради успесите, тренерот Зинедин Зидан, сега е прв „на тапет“.

Во Шпанија има отворена дебата, што му недостига на Реал Мадрид, а прв за збор се јави Хорхе Валдано, поранешниот играч и функционер во клубот.

„Тешко е да се каже што се случи со Реал Мадрид од летото, па до денес. Големите тимови не можат така брзо да паднат, одеднаш, самодовербата се губи постепено. Сега дојде периодот кога кризата која тлеела во тимот зема голем замав и ги погоди сите во клубот. И сите заедно мора да излезат од оваа ситуација. Зидан стигна пред неколку години за да ја врати динамиќноста на тимот. Ги исправи грешките по заминувањето на Рафа Бенитез, и сега ќе мора да ги исправи и своите, доколку може да го стори тоа. Тренерот е секогаш прв на удар, но евидентно е дека постојат проблеми во тимот, и треба сите да го преземат својот дел од одговорноста“, вели Хорхе Валдано.

Се вчитува...