Еден од најдобрите тренери Зинедин Зидан најави дека наскоро ќе се врати на тренерската работа, откако последен пат го водеше Реал Мадрид до крајот на сезоната 2020/2021, по што си замина од клубот освојувајќи ја титулата во Ла Лига.
Од тогаш па наваму е без ангажман, а како тренер на „кралевите“ успеа да освои три титули во ЛШ, две во Ла Лига, две во Супер-Купот на Европа, и два пати светски првак.
„Наскоро се враќам. Чекајте уште малку. Многу скоро. Не сум далеку повторно да работам како тренер“, рече Зидан.
Оваа негова најава ги разбуди „страстите“ на навивачите кои само погодуваат каде Зидан ќе биде тренер. Некои информации велат дека го презема кормилото на Франција после Мундијалот во Катар кон крајот на годинава, а се поврзува и со трансфер со Јувентус и со ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА