Зидан: Не беше добро, не знам во што е проблемот

Реал Мадрид вчера по рестартот на Ла Лига славеше со 3-1 против Еибар благодарение на головите на Тони Крос, Серхио Рамос и Марсело.

Зинеден Зидан, сепак, не е задоволен од тоа како не терен изгледала неговата екипа…

„Не бевме добри во второто полувреме. Не знам дали е проблем во нашата физичка подготвеност или во некој друг елемент, но не беше добро. Не знам. Ова беше и нешто ново за нас, досега невидено. Важни се трите бода, ќе видиме за понатака“ – истакна Зидан по мечот, притоа дополнувајќи:

„Можеби вториот дел беше таков затоа што првиот беше одличен па потоа фудбалерите се опуштија. Морав да направам неколку замени, но не мислам дека тие го нарушија ритамот на екипата“.

Се вчитува...