Зидан: Не ми е јасно зошто моите играчи повеќе се „палат“ на Лигата на шампионите отколку на Примера

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, во пресрет на вечерашната реванш пресметка против Јувентус во четвртфиналето од ЛШ, вели дека нема објаснение зошто неговата екипа има поголема желба да ја освои европската, отколку шпанската „круна“. Реал Мадрид во последните четири години одигра три финалиња во Лигата на шампиони од кои на сите излезе како победник.

„Немам објаснение зошто е тоа така, јас целам да ги освојам сите натпреварувања во кои учествуваме. Но, некогаш, на пример како оваа година, ни се случуваат работи поради кои не можеме да ја исполниме таа „мисија“. Оваа сезона не бевме константни во текот на шампионатот, имавме тежок период во кој се почувствува голем пад на нашата игра и на резултатите. Сега сме далеку подобри од пред неколку месеци. Искрено, ако мене ме прашувате, повеќе би сакал да ја освојам домашната лига, бидејќи тоа е потешко да се оствари. Сметам дека и играчите сакаат повеќе да ја освојат Шпанија, иако играњето во Лигата на шампиони секогаш дава посебен мотив за победа. Доколку ја погледнете историјата на клубот, ниту еден тим ни приближно не остварил во Европа колку Реал Мадрид. Засега имаме рекорд кој е недостижен за многу клубови, додека сакаме да ја надополниме нашата колекција со трофеи од шпанскиот регион“, истакна Зидан.

Реал во реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе влезе со голема предност од 3-0, остварени на гостински терен кои за Јувентус значат речиси „невозможна мисија“.

 

Се вчитува...