„Зидан нема да добие отказ, па дури и Реал да испадне од ЛШ“

Зинедин Зидан се наоѓа пред вистинско „финале“, ова е натпревар во кој ако неговиот тим оствари победа ќе ја продолжи својата мисија во најелитното европско натпреварување. Медиумите од Шпанија велат дека ова е натпревар да се биде или не, но од друга страна, се чини дека оние кои се подобро запознаени со ситуацијата веруваат дека „судбината“ за негово останување на челната позиција на „кралевите“ и не е толку критична.

„Би бил изненаден ако Реал не ја добие Борусија, па дури и да испадне од Лигата на шампионите, тешко дека Зидан ќе добие отказ“, тврди Алваро Бенито, поранешен фудбалер на клубот, кој беше отпуштен минатата година, иако работеше во младинска школа на Реал Мадрид и ветуваше многу како тренер.

Лигата на шампиони е натпреварување на Зидан, тој добро ја познава ситуацијата во клубот и се’ уште ги има работите под контрола.

“Прво, дали навистина мислите дека Зидан не би поднел оставка доколку ја нема контролата во соблекувалната. Играв со него, сите во клубот знаат едно, тој е човек кој не е заинтересиран да биде некаде каде што не го сакаат”, вели поранешниот соиграч.

Зидан е роден победник, тој е „маестро“ за клучни натпревари.

Зизу ги доби сите девет финалиња со Реал. Ако ги погледнеме сите важни натпревари кога тимот е во критична ситуација и кога на многумина им се чини дека е крај на сезоната и кариерата на Французинот, тогаш тој победува. Така беше во Истанбул, против Галатасарај кога по поразот од Мајорка се чинеше дека тимот го допре дното, се велеше дека Перез се подготвува и да му врачи отказ. Наместо тоа, Зидан за кратко време победи на 10 првенствени натпревари, ја сврте сезоната и освои титула.

Со сите проблеми, Зизу не треба да биде отпишан предвреме. Тој докажа дека е најдобар кога се наоѓа под притисок, а за тоа сведочат трите титули во Лигата на шампионите. Смиреноста на Зидан ќе го однесе Реал во фазата од најдобрите 16, за крај заклучи Бенито.

Се вчитува...