Зидан одбил да дојде на „Олд Трафорд“ на половина сезона

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, одбил да го преземе составот на Манчестер Јунајтед по отказот што го доби Жозе Мурињо. Французинот се заблагодарил на понудата и не сакал да дојде на „Олд Трафорд“ на половина сезона, откако веќе се загубени сите шанси за шампионската титула, а само теоретски се надежите за пласман во Лигата на шампионите.

Сепак, според медиумите на Островот, не е отфрлена можноста Зидан да дојде на Театарот на соништата по завршувањето на сезоната. Оле Гунар Солскјер договори ангажман до крајот на оваа сезона, а потоа раководството на Манчестер Јунајтед ќе размислува за долгорочно решение на менаџерската позиција. Зидан останува еден од главните кандидати за тренерската позиција од следната сезона.

Се вчитува...