Зидан остана и без Серхио Рамос

Проблемите на Зинедин Зидан од ден на ден стануваат се поголеми откако тренерот на Реал Мадрид остана и без услугите на Серхио Рамос. Капитенот на Реал Мадрид се повреди на утринскиот тренинг на „кралевите“, а деталните прегледи покажаа дека станува збор за повреда на мускулот на ногата, по што е препорачана пауза од најмалку 15 дена.

Ова значи дека шпанскиот репрезентативец ќе ги пропушти следните две средби против Селта и против Вилјареал, дуели на кои Зидан ќе го вклучи Начо во одбранбената линија крај Рафаел Варан.

За претстојното гостување со Селта тренерот на Реал Мадрид нема да може да смета ниту на Карвахал, чие место најверојатно ќе го заземе младиот Ашраф.

Се вчитува...