Зидан останува на „кралската“ клупа и следната сезона

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, има максимална доверба во Зинедин Зидан. Францускиот стратег ќе остане на клупата на „кралевите“ и следната сезона, без разлика на постигнувањата по рестартот на Ла Лига и настапот во Лигата на шампионите. Во Реал Мадрид секогаш се бараат титули, но Флорентино Перез не сака да брза и повторно да ја направи истата грешка кога Зидан замина од „Сантијаго Бернабеу“ поради несогласувања со клупската политика.

Французинот има договор до јуни 2022 година и се сложил со раководството на клубот да не се вложува премногу во ангажман на нови засилувања ова лето, со оглед на глобалната економска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Реал Мадрид има во план да врати неколку фудбалери од позајмица, пред се Ашраф Хакими и Мартин Одегард, а Зидан ќе има задача да го склопи мозаикот за тимот да биде конкурентен за освојување титули на домашна и на европска сцена.

Се вчитува...