Зидан отворено: Да се биде селектор е најголема гордост, за ПСЖ има време…

Зинедин Зидан денеска го прославува својот 50. роденден, што беше доволен повод за весникот „Л’Екип“ да направи ексклузивно интервју со најдобриот француски фудбалер на сите времиња.

Зидан во изминатите месеци беше поврзуван со преселба на клупата на ПСЖ, а во роденденското интервју потврди дека тоа нема да се случи поради неговата голема желба – да стане селектор на Франција.

„Секако дека сакам да станам селектор на Франција. И верувам дека еден ден ќе бидам, кога тоа ќе се случи јас ќе сум подготвен. Не можам да кажам кога ќе се случи бидејќи не завии од мене, но ќе бидам подготвен. Она што го минав со репрезентацијата на Франција ми е најубавото нешто што ми се случи во играчката кариера, сега сакам истото да го минам и како тренер. Сакам да минам еден цел циклус како селектор“, изјави Зидан.

Тој не ја остава затворена вратата еден ден да седне не клупата на ПСЖ, но не во блиска иднина.

„Јас не велам дека нема да бидам тренер на ПСЖ, напротив, тоа е еден од само неколкуте тимови во кои можам да се замислам како шеф на стручниот штаб. Сепак, моите погледи сега се насочени во друга насока. Никогаш не вели никогаш, има време повторно да ни се спојат патиштата со ПСЖ“, прокоментира Зинедин Зидан.

Се вчитува...