Зидан: Ова што ни се случува не е добро

Шпанскиот гигант Реал Мадрид е во мала резултатска криза, откако беше поразен дома со 1-2 во првиот четвртфинален меч од Купот на Шпанија против Селта, а претходно Севилја ги освои трите бода во пресметката со „кралевите“ во Примера. Тоа го загрижи и стратегот Зинедин Зидан, кој не го крие фактот дека нешто не е во ред…

„Два последователни порази, нешто се случува. Одигравме два мошне чудни натпревари. Мораме што поскоро да дојдеме при свест и да ги поправиме резултатите. Не знам што се случува, но мора набрзо да откриеме и да почнеме со добри резултати“ – истакна Зидан.

После 17 одиграни натпревари во шпанскиот шампионат, Реал Мадрид е на чело на табелата со 40 бода, еден повеќе од второпласираната Севилја, која има одиграно натпревар повеќе.

Се вчитува...