Зидан: Преку глава ми е постојано да зборувам за едно исто…

Реал Мадрид успеа да го искористи киксот на Барселона и со победата над Реал Сосиедад да го преземе лидерското место на табелата. „Кралевите“ синоќа славеа со 2-1 со головите на Рамос и Бензема, но повторно не можеше без скандали.

Серија коментари предизвика вториот гол на Реал Мадрид кој во 70. минута го постигна Бензема. Беше сосема јасно дека францускиот напаѓач играше со рака, но судијата и по прегледувањето на ВАР системот не го поништи голот.

Прашање околу тоа на прес-конференцијата по мечот не можеше да избегне ниту Зинедин Зидан.

„Искрено да ви кажам веќе преку глава ми е по натпревар постојано да зборуваме само за судиите. Не се мешам во нивните одлуки и тоа е тоа. Верувам дека ја заслуживме победата, и толку. Сакам да зборувам за фудбалот и играта на мојата екипа, а за тие други нешта нема што да кажам“ – истакна Зидан по синоќешниот натпревар.

Се вчитува...