Зидан: Премногу го потценувате Реал, не сме го заслужиле тоа!

Иако тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, има само пофални зборови за составот на Ливерпул, противникот на „кралевите“ во четвртфиналето од Лигата на шампионите, Французинот истовремено е разочаран од односот што медиумите го имаат кон неговит клуб.

Французинот смета дека Реал е премногу потценет од европската јавност, нешто што не го заслужуваат со своето реноме и традиција.

„Го чувствувам потценувањето, а мислам дека не го заслужуваме. Сметам дека заслужуваме далеку поголем респект и тоа од сите. Овој тим секогаш се бори, имавме тешки моменти, а начинот на кој ги надминавме е импресивен. Омоите фудбалери никогаш не се откажуваат и ќе им докажат на луѓето дека грешат. Ќе се бориме сè додека имаме шанси за успех“, изјави Зидан.

Се вчитува...