Зидан: Роналдо е нашиот ’ѕвер’, и гризе кога е најважно

Реал Мадрид обезбеди огромна предност од 3-0 против градскиот ривал Атлетико Мадрид во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Кристијано Роналдо постигна хет – трик, а „кралевите“ комплетно го надиграа тимот на Диего Симеоне. Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, нормално, е задоволен од претставата на своите избраници.

„Одигравме одличен меч. Во целост го надигравме противникот. Ги изолиравме Гризман и Гамеиро, на средината на теренот бевме апсолутно доминантни, а во нападот Роналдо беше блескав. Тој е нашиот ’ѕвер’, и гризе кога е најважно, на натпреварите во Европа. Малку е, ако кажам дека е едноставно најдобар. Но, и сите останати вечерва беа фантастични. Сепак, има и реванш. Ништо не е завршено, има уште 90 минути да се играат на „Висенте Калдреон“ и ќе одиме и таму да победиме и да го потврдиме пласманот во големото финале во Кардиф“, изјави Зинедин Зидан по големиот триумф над Атлетико Мадрид.

Се вчитува...