Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Шампионите силите ќе се ги одмерат Реал Мадрид и Челси со почеток од 21 часот на стадионот „Алфредо ди Стефано“.
Мадридскиот состав на натпреварот против англискиот претставник ќе биде дополнително ослабен со неиграњето на Менди, Лукас Васкез, Рамос и Валвереде, но добра вест за Зидан е враќањето на Тони Крос и Еден Азар. Сепак Французинот вели дека само најдобрата верзија на Реал Мадрид може да слави против Челси.
„Не очекува тежок натпревар против ривал кој умее да напаѓа и да се брани. Мораме да биде претпазливи, да бидеме добри во дефанзивата и кога градиме шанси истите да ги користиме. Потребна ни е најдобрата верзија од нас за да го совладаме Челси“, изјави Зидан.
Тренерот на Реал Мадрид вели дека гласините за можна одмазда на УЕФА кон „дезертерите“ од Лигата на Шампионите мораат да бидат ставени зад натпреварот и се осврна кон следната сезона во најсилното фудбалско натпреварување.
„Мораме да размислуваме само на фудбалот. Доколку почнеме да мислиме за тоа што би можело да не оштети од страна, ќе направиме грешка и ќе влеземе во проблем. Апсурдно е да размислуваме за тоа дека следната сезона нема да играме во Лигата на Шампионите. Се е веќе кажано, а еве го и моето мислење: Сакаме да го видиме Реал Мадрид во следната ЛШ. Претседателот на клубот го знае мојот став. Се наоѓаме во момент во кој фудбалот се соочува со бројни прашања и работи кои имаат цел да го подобрат. Секој може да каже што сака, но мора да го подобриме работите. Календарот е важно прашање, многу е комплицирано“, додаде тренерот на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА