Зидан се коцка, остави двајца стартери дома пред Мајорка

Реал Мадрид влегува како лидер во новото коло од „Ла Лига“, но Зинедин Зидан реши да се коцка со тимот за гостувањето против Мајорка, откажувајќи се од двајца сигурни стартери. Еден Азар и Дани Карвахал не се повредени, но според францускиот стратег тие не му се неопходни за да стигне до цел плен против Мајорка, па двајцата првотимци не отпатуваа со тимот на ова гостување.

Проблемите се уште поголеми ако се знае дека „кралевите“ имаат и долга листа на повредени играчи, на која покрај Асенсио и Начо се приклучија и Бејл, Модриќ, Лукас Васкез и Крос.

Добра вест е враќањето на двајцата леви бекови, Марело и Менди, кои се мачеа со повреди во изминатиот период.

Се вчитува...