Зидан се подготвува за Манчестер, почна да учи англиски

Зинедин Зидан пред неполни четири месеци си замина од Реал Мадрид, а францускиот стратег е подготвен за нов предизвик во кариерата – и тоа како стратег на најтрофејниот англиски клуб Манчестер јунајтед. Името на францускиот стратег веќе неколку месеци се споменува како главен фаворит за наследник на Жозе Мурињо, а според последните информации и самиот Зидан интензивно се подготвува за преселба на „Олд трафорд“.

Францускиот стратег ја продолжил посетата на Лондон што беше за доделување на наградите „The Best“, и останал уште неколку денови во британската престолнина. Како што информираат медиумите на „островот“, тој немал директни преговори со Манчестер јунајтед, но ја искористил посетата за средби со бројни луѓе од фудбалот во Премиер-лигата. Една од причините е и желбата да го усоврши англискиот јазик, за тоа потоа да не му биде проблем при следниот тренерски ангажман.

Манчестер јунајтед утре му гостува на Вест хем, а евентуален пораз дополнително ќе го зголеми притисокот врз Мурињо, кој ја загуби довербата на голем дел од играчите предводени од Пол Погба.

Се вчитува...