Зидан седнува на клупата на ПСЖ доколку доживеат елиминација од Баерн Минхен

Легендарниот француски фудбалер Зинедин Зидан конечно би можел да го преземе Пари Сен Жермен ако актуелниот стручен штаб предводен од Кристоф Галтије добие отказ по евентуална елиминација во Лигата на шампионите од Баерн Минхен.

Француските медиуми пренесуваат дека Галтије сигурно ќе добие отказ доколку „супер-тимот“ не ја помина осминафиналната фаза во Лигата на шампионите.

„Галтије нема никакво влијание во соблекувалната на ПСЖ. Клубот се наоѓа во криза, а Галтије не може да ги контролира ѕвездите“, пренесуваат француските медиуми. 

Се вчитува...